Mustafa Deveci
28 Јули 2025•Ажурирај: 29 Јули 2025
АНКАРА (АА) - Резервен војник, кој бил одговорен за идентификување на израелските војници убиени во судирите во Појасот Газа, извршил самоубиство во својот дом, известува Анадолу.
Во веста што ја објави весникот „Хаарец“ се наведува дека резервниот војник Ариел Меир Таман извршил самоубиство вчера во својот дом во јужниот израелски град Офаким.
Се додава дека војникот Таман бил одговорен за идентификување на израелските војници убиени во судирите во Газа.
Во веста се истакнува зголемувањето на самоубиствата на израелските војници од почетокот на нападите врз Газа што започнаа на 7 октомври 2023 година.
Овој месец шест активни војници извршиле самоубиство, а бројот на израелски војници што извршиле самоубиство од 7 октомври 2023 година се зголеми на 45.