İzzet Taşkıran
02 Јануари 2021•Ажурирај: 04 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ
„Туркиш ерлајнс“ (THY) стана втора авиокомпанија со најмногу летови во Европа, со 626 летови дневно во 2020 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Европската организација за сигурност на воздушниот сообраќај (EUROCONTROL), во Европа во 2019 година забележани се 11,1 милиони летови, што претставува загуба од 6,1 милиони.
Околу пет милиони летови реализирани се во Европа во 2020 година. Во извештајот е наведено дека ќе треба време да дојде до подобрување во тој сектор.
Ирскиот нискотарифен авиопревозник „Рајанер“ (Ryanair) минатата година е препознаен како авиокомпанија со најмногу летови во Европа - 951.
Иако „Туркиш ерлајнс“ го зазеде четвртото место на листата, со дневен просек од 1.331 лет во 2019 година, во 2020 година се искачи на второ место со 626 летови. „Пегасус ерлајнс“ го зазеде 10. место со 261 дневен лет.
Меѓународниот аеродром во Истанбул го зазеде своето место на листата како петти аеродром во Европа, со просечно 504 дневни летови минатата година.