İzzet Taskiran
10 Октомври 2017•Ажурирај: 11 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (АА) – Турската авиокомпанија „Turkish Airlines" (Туркиш Ерлајнс) соопшти дека патниците од Истанбул ќе можат да патуваат за Балканските земји со цена на повратна карта почнувајќи од 99 долари. Исто така, од оваа авиокомпанија соопштуваат дека картите кои ќе се купат Скопје за Истанбул во периодот од 10-31 октомври, а со кои ќе може да се патува од 1 номеври оваа година до крајот на март наредната година, можат да се набават по промотивна цена од 109 евра, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Turkish Airlines ги промовира летовите од Скопје до Истанбул за само 109 евра. Во цената се вклучени сите даноци и давачки", информираат од авиокомпанијата.
Од Одделот за односи со јавноста на „Turkish Airlines" соопштија дека патниците ќе можат да патуваат од Истанбул за различни градови од Балканот со почетна цена на повратна карта од 99 долари.
Со оваа „All Inclusive“ промоција повратните авионски карти од Истанбул за градовите Клуж, Констанца, и Варна ќе започнат од 99 долари, за Приштина и Тирана од 109 долари, за Букурешт, Љубљана, Сараево, Скопје, Загреб, Дубровник и Белград од 119 долари, како и за Подгорица, Кишинев и Софија од 129 долари.
Промоцијата важи и за градовите на Кавказот. Цената на повратните авионски карти за Нахчиван, Генџе и Тбилиси (од аеродромот Ататурк) ќе започнат од 119 долари, за Батуми и Тбилиси (од аеродромот Сабиха Ѓокчен) од 129 долари, за Баку од 169 долари.
Исто така, оваа авикомпанија нуди можност за патувањено за украинските градови како Лавов, Запорожје и Харков со цена од 119 долари, за Херсон од 129 долари, за Киев и Одеса од 169 долари.
Патниците кои сакаат да ја искористат оваа ограничена кампања, ќе можат да ги купуваат нивните карти во период од 10 до 31 октомври оваа година, а ќе можат да патуваат меѓу периодот од 1ноемри 2017 година до 31 март 2018 година.
Цените кои почнуваат од 99 долари можат да се купат преку официјалната интернет страницата на „Turkish Airlines", додека цената на истите карти може да варира во другите продажни места.