економија

„Летајќи до 124 земји во светот, THY достига до скоро 80 проценти од светското население“

„Ние сме авиокомпанија која лета во најголем број земји во светот. Летаме кон 124 земји, 306 града. Достигаме до речиси 80 проценти од населението во светот", изјави Билал Екши, генералниот директор на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (THY).

Ergün Haktanıyan  | 20.02.2019 - Обновена : 21.02.2019
„Летајќи до 124 земји во светот, THY достига до скоро 80 проценти од светското население“

Kayseri

КАЈСЕРИ (АА) – „Ние сме авиокомпанија која лета во најголем број земји во светот. Летаме кон 124 земји, 306 града. Достигаме до речиси 80 проценти од населението во светот“, нагласи Билал Екши, генералниот директор на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (THY), јавува Anadolu Agency (AA).

Билал Екши, на конференцијата насловена „Кога ќе мечтаеш (или сонуваш)“ одржана во конференциската сала на Факултетот за туризам „Проф. д-р Џенгис Уташ“, подготвена од Универзитетот „Ерџијес“ и група архитекти и инженери, даде информации за развојот на „Туркиш ерлајнс“ (THY).

Екши, потсетувајќи дека „Туркиш ерлајнс“ е основана во 1993 година, рече дека во тој период имало пет авиони, а првиот лет во странство е изведен кон Солун.

Екши, наведувајќи дека Турција е една од ретките земји која во моментот произведува свои беспилотни летала и ги продава во светот, рече дека тоа изгледа како мала работа, но има важна функција.

„Ние сме авиокомпанија која лета во најголем број земји во светот. Летаме кон 124 земји, 306 града. Достигаме до речиси 80 проценти од населението во светот. Во Африка летаме во најголем број земји. По отворањето кон Африка, Турција стана точка на поврзување на Африка со светот. Кога некој претседател од Африка ќе ја посети Турција, првото негово барање од нашиот г-дин претседател е „Туркиш ерлајнс да воспостави дестинација кон нас“. Затоа што може да ги земе нив, и да лета кон 124 земји во светот“, рече Екши, додавајќи дека 50 проценти од летовите се кон Европа.

- „Светот е под закрилата на Туркиш ерлајнс (THY)“

Екши, истакнувајќи дека Турција во воздухопловството има стратешка локација, рече дека во 5-часовна тесна зона може да летаат во 38 земји.
Тој, истакнувајќи дека има прашања за тоа зошто во Истанбул е направен голем аеродром, нагласи:

„Станува збор за земја која ќе биде најважен и најлесен трансфер-центар во светот. Треба да имаме инфраструктура која ќе може во иднина да одговори на тие барања. Во моментот „Туркиш ерлајнс“ (THY) со широкотрупните авиони лета кон 84 земји во светот. Ние велиме вака: „Светот е под закрилата на Туркиш ерлајнс“. Навистина го покриваме светот. Зошто ние даваме важност на ова? Во местата каде што лета „Туркиш ерлајнс“, се зголемува знаењето за Турција. Ние не превезуваме само патници. Истовремено ја пренесуваме и културата на Турција. Тие луѓе од таму почнуваат да доаѓаат во Турција. Ние превезуваме култура, туризам и бизнис.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın