Семејствата на заробените Израелци велат дека „одлуката за окупација на Газа ги осудува заробениците на смрт“
Oдлуката за окупација ја толкуваат како официјална декларација за препуштање на заробените Израелци на нивната судбина,а Кабинетот за безбедност со оваа одлука ги игнорирал предупредувањата на армијата и волјата на мнозинството од израелската јавност

АНКАРА (АА) - Семејствата на заробените Израелци во Појасот Газа изјавија дека Кабинетот за безбедност на Израел го одобрил планот за окупација на градот Газа, со што „ги осудил на смрт преживеаните заробеници“, известува Анадолу.
Платформата на семејствата на заробените Израелци објави писмено соопштение во кое го осудува одобрувањето на планот за окупација на градот Газа од Кабинетот за безбедност.
Во соопштението одлуката за окупација се толкува како официјална декларација за препуштање на заробените Израелци на нивната судбина и се додава дека Кабинетот за безбедност со оваа одлука ги игнорирал предупредувањата на армијата и волјата на мнозинството од израелската јавност.
Се истакнува дека одлуката на Кабинетот за безбедност за окупација ги осудила на смрт преживеаните заробени Израелци во Газа.
Кабинетот за безбедност го одобри планот за окупација на градот Газа и покрај противењето на армијата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.