Sinan Doğan
27 Јуни 2025•Ажурирај: 27 Јуни 2025
БОГОТА (АА) - Бројот на загинати во свлечиштата предизвикани од обилните дождови во колумбискиот град Меделин на 24 јуни се зголеми на 16, а осум лица сѐ уште се водат за исчезнати, известува Анадолу.
Во соопштението што го дадоа властите на градот Меделин се наведува дека се пронајдени нови тела во свлечиштата што настанаа во подрачјата Бело и Алтос де Ориенте на градот како последица на обилните дождови.
Бројката на загинати во свлечиштата се зголеми на 16, а осум лица сѐ уште се водат за исчезнати.
Властите информираа дека приближно 50 куќи се оштетени и дека напорите за пребарување и спасување продолжуваат без прекин.
Во соопштението се додава дека 971 лице погодени од катастрофалните поплави се сместени во општинските центри и дека добиваат потребна медицинска помош.
Обилните дождови што се присутни низ Колумбија од март предизвикаа човечки жртви и оштетување на имоти во многу региони.