Lokman İlhan
08 Март 2017•Ажурирај: 09 Март 2017
БОГОТА (АА) - Во последните две години, како последица на естетски операции во Колумбија починаа 45 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Државниот институт за судска медицина и форензички науки (ИНМЛФЦ), од 2015 година до крајот на 2016, по извршените естетски операции животот го загубија 43 лица во Колумбија. Уште две лица починаа од почетокот на оваа година.
Се истакнува дека од 2015 година починале 13 лица, меѓу кои 11 жени. Во 2016 година, овој број се зголеми на 30 починати, меѓу кои 24 жени.
Од ИНМЛФЦ нагласија дека најголема смртност како последица на естетските операции е забележана воглавно кај жените на возраст од 40 до 49 години.
Најмногу лица починаа на подрачјето на Вале дел Каука. Од почетокот на оваа година, како последица на естетски операции починаа уште две лица, и тоа едно во Вале дел Каука, а друго во Богота.