свет

„Сакам повторно да трчам“ – Седумгодишно дете од Газа повредено во израелските напади чезнее да застане на нозе повторно

„Ова ми е многу тешко, особено затоа што мајка ми не е со мене. Не можам да си играм како другите деца. Сакам да се лекувам. Не сакам да ја изгубам ногата и не сакам да ја изгубам мојата иднина...“

Sanja Kerazovska  | 25.03.2026 - Обновена : 26.03.2026
„Сакам повторно да трчам“ – Седумгодишно дете од Газа повредено во израелските напади чезнее да застане на нозе повторно Фото: Hassan Jedi/АА

ГАЗА (АА) - Седумгодишниот Јусуф Џамил Авад од Деир ал-Балах во Газа, кој останал делумно парализиран во текот на еден израелски напад, вложува натчовечки напори да го живее своето детство, пишува Анадолу.

Јусуф бил повреден во текот на напад додека одел со мајка му на пазар. Таа го загубила животот, а тој се здобил со повреда на ’рбетот поради што мора да користи инвалидска количка. Сега Јусуф живее во бегалскиот камп Бурејџ и се соочува со долгорочните последици од добиените повреди, а татко му и сестра му секојдневно се грижат за него.

Тој не може да оди, да си игра со другарите ниту, пак, да учествува во секојдневните активности.

„Ова ми е многу тешко, особено затоа што мајка ми не е со мене. Не можам да си играм како другите деца. Сакам да се лекувам. Не сакам да ја изгубам ногата и не сакам да ја изгубам мојата иднина. Сакам да оздравам за да можам повторно да си играм како сите други деца“, изјави тој.

Неговиот татко вели дека докторите го информирале семејството дека неговата состојба не е безнадежна и дека би можел повторно да прооди со соодветно лекување во странство.

„Неговата состојба не е безнадежна. Докторите велат дека постои голема можност, дури до 90 проценти, тој да закрепне и да се врати во состојбата во која беше претходно“, вели неговиот татко Џамил Мухамед Авад.

Најмалку 677 Палестинци се убиени, а 1.813 се повредени во израелските напади врз Појасот Газа, по постигнувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во октомври минатата година, соопшти Министерството за здравство.

Прекинот на огнот ја запре двегодишната војна на Израел, во која се убиени повеќе од 72.000 Палестинци и над 171.000 се повредени од октомври 2023 година досега, а уништени се околу 90 отсто од цивилната инфраструктура.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın