Bahtiyar Abdülkerimov
19 Април 2022•Ажурирај: 20 Април 2022
КИЕВ (АА) - Алексеј Арестовиќ, главниот советник на претседателскиот кабинет на Украина, истакна дека руската армија има за цел да заземе четири региони во новата офанзива во источна Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјава за национален телевизиски канал, Арестовиќ зборувајќи дека Русија имала четири цели во новата офанзива започната во Донбас, истакна дека Русија новиот напад за постигнување на оваа цел го започнала во недела, на 17 април.
Објаснувајќи дека руската армија генерално се обидува да ја пробие одбранбената линија на истокот од земјата, Арестовиќ рече дека првата задача на руската армија е да ги заземе териториите на рутата Рубижне-Попасна-Северодоњецк во областа Луганск.
Тој исто така додаде дека Русите ќе се обидат да го отсечат овој регион од другите делови на земјата.
Наведувајќи дека втората цел на Русите е да го нападнат регионот од градот Изјум до Славјанск и Краматорск во област Харков, Арестовиќ рече дека други цели на Русија се регионот Гулјаиполе, на Запорожје и Мариупол.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски во видео-порака објавена синоќа рече дека руските војници ја започнале војната за Донбас, за која се подготвувале долго време.