свет

„Реакцијата на Турција против терористичкиот напад во Нов Зеланд беше милосрден и човечки“

Министерот за надворешни работи на Пакистан, Шах Махмуд Курејши, ставот на Турција по терористичкиот напад во кој загинаа 51 муслиман за време на петочната молитва во Нов Зеланд, го опиша како милосрден, човечки...

Muhammet İkbal Arslan  | 23.03.2019 - Обновена : 24.03.2019
„Реакцијата на Турција против терористичкиот напад во Нов Зеланд беше милосрден и човечки“

АНКАРА

Нилај Кар ОНУМ / Мухаммет Икбал АРСЛАН

Министерот за надворешни работи на Пакистан, Шах Махмуд Курејши, ставот на Турција по терористичкиот напад во кој загинаа 51 муслиман за време на петочната молитва во Нов Зеланд, го опиша како милосрден, човечки и исламски.

Курејши за Anadolu Agency (AA) рече дека во текот на неговото присуство во Истанбул во рамки на итниот состанок на Извршниот комитет на министрите за надворешни работи при Организацијата за исламска соработка (ОИС), во врска со терористичкиот напад врз двете џамии во Нов Зеланд рече дека се зборувало за борбата против омразата и нетолеранцијата врз муслиманите.

Тој нагласи дека Турција игра позитивна улога во Организацијата за исламска соработка по терористичкиот напад во Нов Зеланд.

„Реакцијата на Турција против терористичкиот напад во Нов Зеланд беше милосрдна, човечка и исламска. Исламските и човечките реакции се многу блиски едни кон други“, додаде тој.

Курејши рече дека вчерашниот итен состанок на ОИС, на кој учествуваа и заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Петерс, беше одржан во вистинско време, и дека овој состанок кој се одржа по терористичкиот напад во Нов Зеланд, ќе создаде атмосфера на единство во муслиманскиот свет и пошироко.

- „Бевме шокирани од тоа што се случи во Крајстчрч“

„Бевме шокирани и застрашени од терористичкиот напад во Нов Зеланд, бидејќи во џамијата се наоѓаа невини лица кои никому не му нанеле штета и си ги извршуваа своите верски обреди“, нагласи Курејши, додавајќи дека во тие трагични напади луѓето биле безмилосно убиени, и дека терористот во живо го емитувал нападот, со цел да предизвика сензација.

Курејши рече дека се шокирани од тоа што наместо погласно да се укажува на исламофобијата, таа се актуализира, преку фактот дека повторно се случуваат антиисламски настани.

Според него, ако во Нов Зеланд, која е мирна и пријателска земја, се случуваат вакви терорирстички напади, тогаш ниту едно место не може да биде безбедно.

„Според мене, овој состанок на ОИС се одржа навреме. Овој состанок најпрвин ќе помогне да се формира атмосфера на единство во исламскиот свет и да се подигне свеста кон ваквите терористички активности“, рече тој, и додаде: „Пакистан веднаш реагираше против нападот. Во нападот загубивме девет наши државјани, а еден од повредените сѐ уште се наоѓа во критична состојба.“

Курејши потсети дека во терористичкиот напад е убиен еден храбар граѓанин на Пакистан кој се обидувал да ги спаси животите на невините лица и истакна „Тој не успеа да го спаси животот на својот син, но успеа да ги заштити другите лица кои беа без заштита. Тој ќе ја добие највисоката цивилна награда од страна на пакистанската Влада“.

- „Цел на терористот биле Турција и Ердоган“

Курејши нагласи дека масакрот кој беше емитуван во живо на социјалните мрежи, бил реализиран со еден расистички и исламофобичен манифест кој за цел ги зема Турција и нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Цел на терористот биле Турција и Ердоган. Претседателот Ердоган е една искрена личност, која во тешки времиња покажува многу јасен став“, рече Курејши, додавајќи дека бројни лица Ердоган го сметаат како закана бидејќи е една личност која зборува отворено и храбро.

Курејши изрази надеж дека ќе се преземат некои глобални мерки, со цел да се надмине трендот на исламофобијата која се зголемува, и продолжи со зборовите:

„Сметам дека медиумите треба да играат значајна улога во создавање на подобра атмосфера и надминување на исламофобијата. Социјалните мрежи треба да играат поодговорна улога, и луѓето од главните градови на Западот кои размислуваат и имаат совест, треба посилно да го кренат својот глас против исламофобијата.“

Осврнувајќи се на екстремизмот, Курејши нагласи дека постои еден елемент на екстремната десница, кој, според него, за жал, на Западот се наоѓа во постепен пораст. Таа [екстремната десница], рече тој, има исламофобични и екстремистички ставови.


- Тензии со Индија

Тензиите меѓу Пакистан и Индија се зголемија во последниот период по самоубиствените напади во Џаму и Кашмир, каде што на 14 февруари загинаа 40 индиски војници.

Курејши овие тензии меѓу двете соседни земји ги нарече „несреќни“.

„Пакистан никогаш не сакаше тензии. Пакистан сакаше да ја ублажи ситуацијата“, додаде тој.

„Пакистан беше нападнат. Постоеше акт на агресија против Пакистан. Нашиот воздушен простор беше прекршен, нашата сувереност и нашиот територијален интегритет беа загрозени. Затоа, Пакистан немаше друга опција, но се спротивстави во самоодбрана. Им рековме на Индијците дека постојат недоразбирања меѓу нас, но можеме да се обидеме да ги решиме тие прашања преку одржлив и непрекинат дијалог“, нагласи Курејши.

„Индија сѐ уште не е подготвена за решение“, рече тој, изразувајќи надеж дека овие две земји ќе седнат на маса и ќе ги решат прашањата по идните избори во Индија во април и мај.

Што се однесува до ублажувањето на тензиите со Индија, Курејши го опиша ставот на Пакистан како конструктивен и позитивен. „Без разлика на тоа што бевме нападнати, веднаш го ослободивме нејзиниот пилот како гест на добра волја и гест на мирот“, додаде тој.


- Односи со Турција

Во врска со односите меѓу Турција и Пакистан, Курејши нагласи дека односите меѓу овие две земји секогаш биле добри.

„Се надеваме дека тие секогаш ќе останат добри. Пакистанците ги ценат овие односи.“

Курејши истакна дека односите не се само меѓу владите и лидерите, туку и меѓу граѓаните. „Турците со насмевка се сретнуваат со еден Пакистанец“, рече тој.

„Пакистанците имаат топли чувства кон Турците. Ние имаме една историја, имаме заедничка иднина“, нагласи во изјава за АА министерот за надворешни работи на Пакистан, Курејши.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.