Betül Yürük
30 Март 2019•Ажурирај: 31 Март 2019
ЊУЈОРК (АА) - Актерката и амбасадорка на УНЦХР за добра волја, Анџелина Џоли, ги повика сите влади во светот да ги заштитат цивилите во земјите зафатени со војна и судири, јавува Anadolu Agency (AA).
Актерката и хуманитарка Анџелина Џони учестуваше на седницата на ОН во Њујорк. На состанокот, на кој присуствуваа голем број експерти за изградба на мирот и безбедноста, се разговараше за начините на зачувување на мирот во светот.
Како што изјави таа, повеќе од половина од жртвите во земјите коишто се зафатени од војна и конфликти се жени и деца.
„Примарна одговорност на владите е да ги заштитат цивилите“, порача Џоли. Таа потсети дека со УНХЦР започнала да работи пред 18 години и дека тогаш во светот имало помалку од 20 милиони бегалци и раселени лица.
Џоли изјави дека денес тој број е поголем од 65 милиони.
Таа, исто така предупреди дека бројот на војни и бегалци се зголемува секој ден. Џоли, исто така, предупреди дека земјите во кои се наоѓаат мировните мисии на ОН често не можат или не сакаат да ги заштитат цивилите.
Исто така истакна дека повеќе од половина од жртвите се жени и деца и дека жените главно се жртви на злоставување или на сексуална злоупотреба.
„И покрај насилството врз жените, тишината е алармантна. Дури и ако е постигнат напредок, владите мора да преземат нови чекори“, рече Џоли.