Oktaj Omeragikj
10 Јули 2025•Ажурирај: 11 Јули 2025
СДЕРОТ (АА) - Опколениот Појас Газа, срамнет со земја во безмилосните напади на израелската армија што траат речиси 21 месец, беше снимен од градот Сдерот, кој се наоѓа на јужниот дел на Израел, известува Анадолу.
Израелските напади ги претворија зградите во урнатини, а трагите од нападите се видливи на домовите низ целиот северен дел на Појасот Газа.
Снимен е чадот што се издигнува од областите што биле цел на израелските напади и движењето на израелските тенкови и воени возила по должината на границата.