свет, живот

Палестинско девојче пронајдено живо во мртовечница во Газа неколку часа откако е прогласено за мртво

Ме ставија во фрижидерот на мртовечницата. Останав таму многу часови - можеби осум. Се чувствував како да замрзнувам“

Elena Trenchevska Chekovic  | 18.11.2025 - Обновена : 18.11.2025
 Палестинско девојче пронајдено живо во мртовечница во Газа неколку часа откако е прогласено за мртво

СКОПЈЕ (АА) - Дванаесетгодишно палестинско девојче беше прогласено за мртво и однесено во мртовечница по израелски воздушен напад врз Газа во јуни, но нејзино слабо движење откри дека тоа сè уште е живо, јавува Анадолу.

Рагад Мухамед ал-Асар беше извлечена од урнатините откако нејзиниот семеен дом беше погоден во напад. Тешко повредена и без знаци на живот, првично беше прогласена за мртва од медицинскиот персонал и однесена во мртовечница како неидентификувано дете. По неколку часа лицето што барало роднина забележало мало придвижување на нејзината рака и го известило персоналот дека сè уште е жива.

За време на бомбардирањето, Рагад изгуби брат и сестра, а нејзините родители беа повредени. Додека нејзините роднини ја бараа низ хаосот, малото девојче лежеше речиси осум часа во студената, темна мртовечница меѓу телата на убиените.

Таа беше однесена на итно лекување и помина два месеца на интензивна нега. Иако нејзината физичка состојба во голема мера се подобри, нејзиното семејство вели дека таа продолжува да се бори со тешка психолошка траума од тоа искушение.

Сеќавајќи се на нападот, Рагад рече: „На 8 јуни бевме дома како и сите други. Одеднаш започна бомбардирањето и нашата куќа беше погодена. Сè се урна врз нас... Сите бевме заробени под урнатините.“

Во болницата, лекарите првично мислеа дека не преживеала: „Ме ставија во фрижидерот на мртовечницата. Останав таму многу часови - можеби осум. Се чувствував како да замрзнувам“, се присети таа.

Бомбардирањето ги одзеде животите на нејзиниот брат и сестра. Рагад беше во кома седум дена.

„Кога се разбудив, татко ми ми кажа што се случило. Бев шокирана и не можев да поверувам. Оттогаш имам кошмари. Сонувам дека сè се случува повторно - бомбардирањето, темнината, стравот“, раскажа таа.

Рече дека се обидува да биде благодарна што преживеала, но не може да го избрише сеќавањето на тоа што се случило.

Од октомври 2023 година повеќе од 69.000 Палестинци се убиени, повеќето жени и деца, а над 170.700 се повредени во геноцидната војна на Израел што ја претвори енклавата во урнатини.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.