свет

Пакистанската армија неутрализираше 13 милитанти во операции на северозападниот дел на земјата

„Безбедносните сили и агенциите за спроведување на законот во Пакистан ќе продолжат со полн интензитет да ја искоренуваат заканата од тероризам поддржан и спонзориран од странство“

Amir Latif Arain  | 01.04.2026 - Обновена : 01.04.2026
 Пакистанската армија неутрализираше 13 милитанти во операции на северозападниот дел на земјата

КАРАЧИ (АА) - Пакистанската армија денес соопшти дека неутрализирала 13 милитанти во две операции спроведени на северозападниот дел на земјата, јавува Анадолу.

Во првата операција, базирана врз разузнавачки податоци, во понеделникот се убиени 10 милитанти во Округот Хајбер во северозападната провинција Хајбер Пахтунхва, која граничи со Авганистан, се вели во соопштението на армијата.

Дента се убиени и тројца милитанти во друг судир во Округот Бану.

„Безбедносните сили и агенциите за спроведување на законот во Пакистан ќе продолжат со полн интензитет да ја искоренуваат заканата од тероризам поддржан и спонзориран од странство“, се додава во соопштението.

Во последните години Пакистан бележи пораст на милитантни напади, за што ги обвинува припадниците на групата Техрик-е-Талибан Пакистан (TTP) во Авганистан.

Кабул ги отфрла овие обвинувања.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.