свет

Четири лица загинаа во американско-израелски напад врз станбена зграда во иранскиот град Караџ

Иранските медиуми известија дека во утринските напади се гаѓале и делови од главниот град Техеран

Şahin Demir  | 01.04.2026 - Обновена : 01.04.2026
 Четири лица загинаа во американско-израелски напад врз станбена зграда во иранскиот град Караџ

ИСТАНБУЛ (АА) – Четири лица загинаа, а осум се повредени во американско-израелскиот напад во кој е погодена четирикатна станбена зграда во областа Мехршахр во иранскиот град Караџ, кој се наоѓа во провинцијата Алборз, западно од Техеран, објави утринава новинската агенција Мехр, пренесува Анадолу.

Иранските медиуми, исто така, известија дека во утринските напади се гаѓале и делови од главниот град Техеран.

Засега нема официјални изјави за степенот на штетата или за евентуални жртви во Техеран.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.