Fatih Hafız Mehmet
03 Септември 2019•Ажурирај: 04 Септември 2019
ХАГ (AA) – Апелациониот совет на Меѓународниот кривичен суд (ICC) донесе одлука обвинителот на овој суд да мора да ја разгледа одлукаа дали ќе покренува истрага за инцидентот од 2010 година и израелскиот напад на хуманитарната флотила во Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
„Апелациониот совет утврди дека одлуката за покренување или непокренување на истрагата е во надлежност на обвинител на ICC“, соопштено на официјалниот Твитер профил на Меѓународниот кривичен суд.
Во соопштението се наведува дека обвинителот треба да го разгледа случајот и да донесе одлука до 2 септември.
Случајот е покренат во 2013 година кога Комори, под чие знаме е флотилото „Мави Мармара" пловилото, побараа од обвинителот на ICC да го истражи смртоносниот напад.
Обвинителот одлучи да не покренува истрага, па побара мислење од Апелациониот совет.
Адвокатот на жртвите од нападот Гулден Сонмез за АА рече дека е задоволна со мислењето на Апелациониот совет и дека се надева дека израелските криминалци ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
„Сите жртви и семејства на убиените очекуват обвинителот да покрене истрага", порача Сонмез.
Флотилата „Мави Мармара" го сочинуваа шест брода кои се обидоа да достават хуманитарна помош во Газа и да ја пробијат израелската блокада во таа палестинска енклава. Израелските сили на 31 мај 2010 година изведоа напад на флотилата. Осум турски државјани и еден Американец со турско потекло се убиени, а ранети се 30 лица. Едно рането лице почина по четири години лекување.