свет

Илегален израелски доселеник прегази Палестинец во окупираниот Западен Брег

Еден илегален доселеник удрил млад Палестинец додека тој ја преминувал улицата, оставајќи го со скршеници на двете нозе

Mohammad Sıo  | 19.12.2025 - Обновена : 20.12.2025
 Илегален израелски доселеник прегази Палестинец во окупираниот Западен Брег

ИСТАНБУЛ (АА) - Палестинец е повреден денес откако илегален израелски доселеник го прегази со возило во окупираниот Западен Брег, јави државната палестинска новинска агенција Вафа, пренесува Анадолу.

Локални извори цитирани од Вафа истакнаа дека инцидентот се случил на улицата Аман, во источниот дел на градот Наблус на Западниот Брег, кога група доселеници влегле во подрачјето со возила.

Еден илегален доселеник удрил млад Палестинец додека ја преминувал улицата, оставајќи го со скршеници на двете нозе, се вели во веста.

Израелската армија ги потврди извештаите за инцидентот, објави израелскиот весник „Једиот Ахронот“. Армијата соопшти дека бресловски хасидски Евреи, кои влегле во Наблус без дозвола и ја посетиле гробницата на Јосиф, прегазиле Палестинец додека ја напуштале локацијата.

Гробницата на Јосиф, почитувана и од муслиманите и од Евреите, долго време служи како жариште на судири меѓу Палестинците и илегалните израелски доселеници.

Евреите веруваат дека местото е почивалиште на библискиот патријарх Јосиф. Муслиманите, од друга страна, го оспоруваат ова тврдење, велејќи дека шеикот Јусеф Давикат, исламски свештеник, бил погребан таму пред два века.

Според палестински податоци, израелските сили и илегалните доселеници убиле најмалку 1.097 Палестинци на окупираниот Западен Брег, вклучително и Источен Ерусалим, повредиле речиси 11.000 и притвориле околу 21.000 од октомври 2023 година.

Минатиот јули Меѓународниот суд на правдата ја прогласи израелската окупација на палестинската територија за нелегална и повика на евакуација на сите населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.