свет

„Израелските напади врз Газа се целосно непромислени и ужасни“, изјави британската министерка за надворешни работи

- „Новата офанзива на израелската армија врз Газа е целосно непромислена и ужасна. Таа ќе донесе само уште повеќе крвопролевање, ќе убие недолжни цивили и ќе ги загрози преостанатите заложници“, напиша Купер на социјалната мрежа Х.

İlayda Çakırtekin  | 16.09.2025 - Обновена : 16.09.2025
„Израелските напади врз Газа се целосно непромислени и ужасни“, изјави британската министерка за надворешни работи

ИСТАНБУЛ (АА) - Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер денес ги нарече целосно непромислени и ужасни последните израелски напади врз Газа, јавува Анадолу.

„Новата офанзива на израелската армија во Газа е целосно непромислена и ужасна. Таа ќе донесе само уште повеќе крвопролевање, ќе убие недолжни цивили и ќе ги загрози преостанатите заложници“, напиша Купер на социјалната мрежа Х.

Таа повтори дека е неопходен итен прекин на огнот, ослободување на сите заложници, неограничена хуманитарна помош и воспоставување пат кон траен мир.

Според медицински извори за Анадолу, денес се убиени најмалку 18 лица, а повеќе од 40 се повредени при напад на израелски авиони врз неколку области во градот Газа и централниот дел на енклавата.

Тековната војна на Израел против Газа, која трае од октомври 2023 година, досега одзеде речиси 65.000 животи на Палестинци, а енклавата се соочува со глад и целосна разурнатост.

Денес Обединетите нации објавија извештај со кој се заклучува дека војната на Израел против Газа претставува геноцид.

„Јасно е дека постои намера за уништување на Палестинците во Газа преку дела што ги исполнуваат критериумите од Конвенцијата за геноцид“, изјави Нави Пилај, претседателка на Независната меѓународна истражна комисија на ОН за окупираните палестински територии.

Израел се соочува со обвинение за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговата војна на територијата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.