свет

„Израел е одговорен за влошувањата во комплексот Ал Акса“

Во писменото соопштение што го објави Претседателството на Палестина, се вели дека Израел е одговорен за влошената ситуација во комплексот Ал Акса.

Hamdi Yıldız  | 19.02.2019 - Обновена : 19.02.2019
„Израел е одговорен за влошувањата во комплексот Ал Акса“

Palestinian Territory

РАМАЛА (АА) - Претседателството на Палестина објави дека Израел е одговорен за влошувањето на ситуацијата и тензиите во комплексот „Ал-Акса“, јавува Anadolu Agency (AA).

Во писменото соопштение што го објави Претседателството на Палестина, се упатува предупредување со кое се бара израелската Влада да престане со својата репресивна и самоволна политика, бидејќи во спротивно, самата ќе биде виновна за распламтувањето на чувствата на народот и можните реакции што би следувале поради тоа.

Во соопштението се вели „Израел е одговорен за влошената ситуација во комплексот Ал Акса“.

Освен тоа, во соопштението се наведува дека израелската Влада планира во потполност да го преземе комплексот „Ал Акса“, при што се упатува барање за запирање на овие израелски планови.

Во соопштението се апелира до меѓународната јавност за преговори, со цел да се изврши притисок врз Израел за запирање на агресивната политика против палестинското раководење со комплексот „Ал Акса“ и зачувување на постоечката ситуација, која е во функција од 1967 година досега.

Директорот на комплексот „Ал Акса“, Омар ал Кисвани, вчера за АА изјави дека израелската полиција ги нападнала и ги тепала претставниците на комплексот и верниците во објектот, приведувајќи голем број Палестинци, меѓу кои се наоѓале и претставници на администрацијата на Исламската фондација во Ерусалим (Кудс).

Во соопштението се истакнува дека до настаните дошло откако Палестинците ги скршиле ланците со кои вчера израелската полиција ги затвори влезовите во комплексот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.