Ata Ufuk Şeker
19 Февруари 2019•Ажурирај: 19 Февруари 2019
БРИСЕЛ (АА) - Трговскиот комитет при Европскиот парламент го ратификуваше Нацрт-законот за започнување на преговорите за Трговскиот договор меѓу Европската Унија (ЕУ) и САД, со цел укинување на царините за индустриските производи, јавува Anadolu Agency (AA).
Трговскиот комитет го разгледа барањето на Европската комисија за одобрение за вршење трговски преговори меѓу САД и ЕУ, со цел укинување на царините за индустриските производи.
Членовите на Комитетот со 21 глас „за“ го ратификуваа Нацрт-законот за започнување на преговори за Трговскиот договор, додека 17 члена гласаа против.
Со цел комплетирање на Трговскиот договор, во Нацрт-законот се вклучени услови како САД да ги укинат царините за увезените алуминиум и челик, преговари за царините кои ќе бидат применети за автомобилите, земјоделските производи да бидат исклучени од преговорите, и за прекинување на преговорите во случај САД да применат нови царини.
Овој нацрт-закон се очекува во март да се гласа на Генералното собрание на Европскиот парламент.
Нацрт-законот не е правнообврзувачки, но по постигнатото усогласување во преговорите за Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, Европскиот парламент треба да го одобри овој договор.