Ömer Faruk Yıldız
01 Мај 2019•Ажурирај: 02 Мај 2019
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Малезискиот премиер, Махатхир Мухамед, истакна: „Расизмот, геноцидот и злосторствата против човештвото, сите се производ на варварската, арогантна и терористичка држава Израел“, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Махатхир, во својот говор на Годишната конференција за млади 2019, организиран од форумот „Ал Шарк“ на тема „Заработи ја иднината“, каде што меѓу медиумските спонзори се наоѓа и АА, даде оценка за Арапската пролет, политичката нестабилност на Блискиот Исток и за проблемот меѓу Палестина и Израел.
Махатхир, истакнувајќи дека Арапската пролет значи само „банкротирање“, нагласи: „Пред ова тие земји беа во стабилна состојба. Сега го гледате Јемен, Сирија и Египет. Сите се уништени со војни, племенски судири и масакри, а и диктаторите се вратија назад“.
Наведувајќи дека политичката нестабилност на Блискиот Исток започна со интервенцијата на коалицијата предводена од САД во Ирак и Авганистан во 2001-2003, Махатхир рече дека нестабилноста продолжува и денес.
„Човечките трагедии во Сирија, Либија и Јемен се очигледни, а целиот свет случувањата ги гледа очајно“, нагласи Махатхир.
Тој исто така истакна дека страдањата на земјите на Блискиот Исток беа предизвикани од интервенцијата на надворешните сили.
Силите кои интервенираа во регионот под маската на демократија и човечки права, направија сè за да си ги обезбедат своите интереси. Регионот кој пред ова беше стабилен, стана сведок на нешто што се нарекува Арапска пролет. Овој процес остави еден мински простор кој претставува катастрофа за неуспешните држави и човештвото. Главната причина за сите овие трагедии несомнено се наоѓа во Палестина“, рече Махатхир.
Toj подвлече дека услов за решавање на палестинското прашање е преземање мерки од страна на меѓународната заедница.
„Расизмот, геноцидот, злосторствата против човештвото, насилните кривични дела, сето тоа што го гледаме во Палестина е производ на варварската, арогантна и терористичка држава Израел“, нагласи тој.
Истакнувајќи дека Малезија со разликите и толерантната социјална структура претставува пример во светот, Махатхир наведе дека неговата земја сè уште се бори со предрасудите и фанатизмот.