İbrahim Khazen
01 Септември 2024•Ажурирај: 05 Септември 2024
КАИРО (АА) - Палестинското прашање ќе биде на врвот на агендата на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на Арапската лига што ќе се одржи на 10 септември, известува Анадолу.
„Арапската лига вложува напори на повеќе фронтови за решавање на ситуацијата во Појасот Газа“, изјави Џамал Ружди, портпарол на генералниот секретар на Арапската лига, пренесе Каиро њуз.
Арапските министри за надворешни работи се состануваат двапати годишно, а на претстојниот состанок се очекува да се разговара за сите арапски прашања.
„Поради актуелната ситуација палестинското прашање ќе биде на врвот на агендата и ќе биде приоритет“, додаде портпарол Ружди.
Тој нагласи дека арапските лидери вложуваат напори под итно да се спречи ескалација на конфликтот во Газа и во регионот, не давајќи притоа дополнителни информации.
Ружди зборувајќи за ситуацијата во Газа истакна:
„Хуманитарната ситуација во Палестина се влошува. Ситуација каква што не е видена никаде на друго место во светот. Големите сили продолжуваат да го штитат Израел, што бара силен одговор од Арапите“.