Associated Press
01 Септември 2024•Ажурирај: 02 Септември 2024
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана пресретнала и уништила 158 беспилотни летала во текот на ноќта во неделата, од кои две над главниот град Москва и девет над московскиот регион, известува Анадолу.
Над регионот Курск имало 46 беспилотни летала, 34 во областа Брјанск, 28 во регионот Вороњеж и 14 во регионот Белгород, области кои граничат со Украина.
Беспилотни летала биле соборени и подлабоко во Русија, вклучително и по еден во Тверската област, северозападно од Москва, и во Ивановска област, североисточно од руската престолнина.
Украинското воено воздухопловство соопшти дека во Украина биле соборени 8 од 11 беспилотни летала лансирани од Русија.
„Пет лица се ранети во гранатирање на североистокот, во областа Харков“, објавија локалните власти.