Ayhan Şimşek
15 Ноември 2018•Ажурирај: 15 Ноември 2018
БЕРЛИН (АА) - Германија го поздрави Нацрт-договорот меѓу Брисел и Лондон за излез на Велика Британија од ЕУ, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Многу сум задоволен што главните преговарачи на ЕУ и Велика Британија постигнаа прелиминарен договор за преговорите за Брегзит. По неколку месеци неизвесност, конечно имаме јасен сигнал од Велика Британија за тоа како може да се продолжи постапката за излез“, порача преку Твитер германскиот министер за надворешни работи, Хеико Мас.
Мас нагласи дека Германија ќе продолжи да ги поддржува многу блиските односи помеѓу ЕУ и Велика Британија по Брегзит.
Британската премиерка Тереза Меј го објави прифаќањето на прелиминарниот Договор по петчасовниот состанок на Владата вчера.
Сите детали на Договорот би требало да бидат познати денес, кога премиерката Меј ќе се обрати во Парламентот на Велика Британија.
Планирано е Велика Британија да ја напушти ЕУ во март наредната година.