Haydar Karaalp
31 Октомври 2019•Ажурирај: 01 Ноември 2019
БАГДАД
Претседателот на Комисијата за човекови права на ирачкиот Парламент, Ершат Салихи, соопшти дека повеќе од 250 луѓе го загубиле животот во демонстрациите во Ирак од 1 октомври, пренесува Anadolu Agency (AA).
Салихи, на прес-конференција одржана во Парламентот, даде информации за тековните демонстрации во земјата.
„Повеќе од 250 луѓе ги загубија своите животи во антивладините демонстрации што започнаа на 1 октомври“, нагласи Салихи, додавајќи дека во демонстрациите повеќе од 11.000 луѓе се повредени.
Салихи, исто така рече дека во настаните се приведени 2.500 лица.
Тој, предупредувајќи ги властите да не прибегнуваат кон насилство, рече: „Поради насилството врз демонстрантите, државната администрација се распаѓа.“