Emre Aytekin
31 Октомври 2019•Ажурирај: 01 Ноември 2019
АНКАРА
Парламентот на Јужна Кореја ја донесе регулативата за постепено укинување на надоместокот за регистрацијата на учениците и школарината во гимназиското образование, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што пренесува „Јонхап“, според регулативата, средношколците од гимназиите од II и III година од 2020 година нема да плаќаат надоместок за регистрација и школарина. Од 2021 година, регулативата ќе биде проширена и за учениците од I до IV клас во гимназиите.
Во Јужна Кореја, државните училишта нудат бесплатно образование само на основно и средно стручно ниво. Во гимназиите, секој ученик треба да плаќа во просек од 1 милион 580 илјади вони годишно (приближно 1.200 евра) за такса за регистрација, школарина и за други трошоци.
Благодарение на оваа регулатива, следната година 880.000 ученици, а од 2021 година 1 милион 260 илјади ученици ќе имаат бесплатно образование.