Бахреин соопшти дека пресретнал 130 ирански ракети и 234 беспилотни летала од почетокот на нападите
Вооружените сили на Бахреин истакнаа дека воздушната одбрана „продолжува да се справува со последователните бранови ирански напади“
ИСТАНБУЛ (АА) - Генералната команда на одбранбените сили на Бахреин денес соопшти дека нејзините системи за воздушна одбрана и понатаму се соочуваат со напади од ракети и беспилотни летала, за кои тврди дека се лансирани од Иран, јавува Анадолу.
Во официјалното соопштение се потврдува пресретнување и уништување на 130 ракети и 234 беспилотни летала насочени кон кралството од почетокот на ескалацијата.
Вооружените сили на Бахреин истакнаа дека воздушната одбрана „продолжува да се справува со последователните бранови ирански напади“.
Властите упатија апел до граѓаните за највисоко ниво на претпазливост за да ја осигурат својата безбедност, да не се приближуваат до оштетени локации или сомнителни предмети и да се воздржат од фотографирање на воените операции или местата каде што паднале остатоци од проектили. Исто така, беше нагласена важноста за добивање информации исклучително од официјални извори.
Во соопштението се додава дека употребата на балистички ракети и беспилотни летала за целење кон цивилни објекти и приватен имот претставува „флагрантно кршење на меѓународното хуманитарно право и Повелбата на ОН“, нагласувајќи дека ваквите напади се директна закана за регионалниот мир и безбедност.
Израел и САД продолжуваат со заедничката офанзива во Иран што започна на 28 февруари, при што досега загинаа околу 1.300 луѓе, меѓу кои и тогашниот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи.
Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив, каде што се наоѓаат американски воени бази, предизвикувајќи жртви и штета на инфраструктурата, истовремено нарушувајќи ги глобалните пазари и авиосообраќајот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
