Ahmet Dursun
03 Јули 2019•Ажурирај: 04 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Иранскиот министер за надворешни работи, Мухамед Џевад Зариф, во пораката што ја сподели на 31-годишнината од погодувањето на патничкиот авион на Иранската авиокомпанија од проектил истрелан од американски брод рече: „Американската агресија кон Иран не започна со Доналд Трамп“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Зариф во пораката на Твитер, потсетувајќи дека иранскиот авион бил погоден од проектил истрелан од американски брод, нагласи: „Пред 31 година, проектил истрелан од американски воен брод го погоди иранскиот патнички авион „IR655“, при што животот го загубија 290 лица, од кои 66 деца.“
Укажувајќи на групите „поддржувачи на војна“ претставени од советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, Зариф рече:
„Американската агресија кон Иран не започна со Доналд Трамп. Храброста, предвидливоста и отпорот кон „Б-тимот“, која е жедна за војна, би го спречиле тоа.“
На 3 јули 1988 година, ирански авион со 274 патници и 16 членови на екипажот, кој леташе на линијата Техеран - Дубаи, беше погоден од проектил истрелан од американски воен брод над Ормутскиот Теснец. Во авионот што експлодира животот го загубија 290 патници, од кои 66 беа деца.
САД тврдеа дека инцидентот се случил „ненамерно“.
Иранскиот министер Зариф како „Б-тим“ ги нарекува советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џон Болтон, израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мухамед бин Селман, и принцот престолонаследник на Абу Даби, Мохамед бин Зајед.