Sayed Khodaberdi Sadat
19 Ноември 2018•Ажурирај: 20 Ноември 2018
КАБУЛ (АА) - Претседателот на Авганистан, Ешреф Гани, истакна дека неговата земја е подготвена за мировни преговори со талибанците, јавува Anadolu Agency (AA).
Гани го прими на средба специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) за Авганистан, Залмеј Халилзад, во чии рамки истакна дека авганистанскиот народ повеќе од сè сака мир.
Гани нагласи дека Авганистан е подготвен за мировни преговори со талибанците, и дека Владата изразила одлучност за тоа.
„Во средбите што ги реализирав во последната недела со лидерите и претставниците на етничките групи, со цел формирање на комисијата за помирување, секој побара итно започнување на мировните преговори“, додаде Гани.
Од друга страна, специјалниот претставник на САД за Авганистан, Халилзад, го информираше Гани за неговата средба во Катар со претставниците на талибанците.
Халилзад истакна дека САД продолжуваат со напорите за започнување на мировните преговори меѓу авганистанската Влада и талибанците. Според него, САД се пријател и стратешки партнер на Авганистан, и се подготвени за помош во секоја насока.