Ekipa
07 Септември 2017•Ажурирај: 08 Септември 2017
САН ФРАНЦИСКО (АА) - „Facebook“ (Фејсбук) денес објави дека операцијата извршена од Русија чинела 100.000 долари за политичка реклама на платформа од САД за време на претседателските избори во 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Oд „Facebook“ велат дека парите се потрошени на околу 3.000 реклами, коишто течеле меѓу јуни 2015 и мај оваа година. Рекламите се купени колективно, од околу 470 профили и страници што користеле фалсификувани информации за идентификација. Од „Facebook“ истакнаа дека се чини оти овие профили и страници биле меѓусебно поврзани и најверојатно се предводени со операција надвор од Русија.
Тие не знаат дали зад операцијата стои руската Влада.
„Нашата анализа сугерира дека овие профили и страници се меѓусебно поврзани и најверојатно раководени надвор од Русија“, пишува во соопштението на Алекс Стамос, главен директор за безбедност на „Facebook“. „Ние не дозволуваме неавтентични профили на 'Facebook', и како резултат на тоа, оттогаш ги затворивме профилите и страниците што ги идентификувавме дека се сѐ уште активни“.
Стамос рече дека во поголемиот дел од рекламите не биле споменувани претседателските избори или некој конкретен кандидат. Всушност, повеќето реклами воопшто не го споменале гласањето.
Наместо тоа, рекламите биле фокусирани на спорните политички прашања, почнувајќи од имиграцијата, до трката за правата на оружје.
„Се чинеше дека рекламите и профилите се фокусираат на разновидни социјални и политички пораки низ идеолошкиот спектар“, рече Стамос.
Околу 25 отсто од рекламите беа географски насочени.
Одделно, „Facebook“ направи широк преглед на политичките реклами платени за време на изборниот циклус од страна на профили со многу слаба поврзаност со Русија, вклучувајќи, на пример, профили што биле направени користејќи IP адреса во САД, но јазикот бил поставен на руски. Голем број од овие профили не ги прекршуваат условите за користење на „Facebook“.
Компанијата исто така откри дека други 50.000 долари се потрошени за околу 2.200 политички реклами
„Ние ги споделивме нашите наоди со американските власти, кои ги испитуваат овие прашања, и ќе продолжиме да работиме со нив колку што е потребно“, напиша Стамос.