Enes Canlı
12 Октомври 2019•Ажурирај: 13 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Поддржувачите на терористичките организации во рамки на своите обиди за дезинформации на социјалните мрежи за операцијата „Извор на мирот“, која има за цел оневозможување на формирањето терористички коридор близу јужната граница на Турција и обезбедување мир и спокојство во регионот, и е против терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ во северниот дел на Сирија, видеоснимките снимени на други настани и во друго време ги објавуваат како да се снимени за време на операцијата „Извор на мирот“, јавува Anadolu Agency (AA).
Поддржувачите на терористичките организации на социјалните мрежи продолжуваат со обидите за дезинформирање и манипулирање со фотографиите и видеоснимките снимени на други настани и во друг период против операцијата „Извор на мирот“.
Еден манипулатор на социјалните мрежи ја објави видеоснимката снимена по бомбардирањето на Асадовиот режим во Сирија во август 2016 година, на која се забележуваат труповите на една жена и две деца, со обид да ја прикаже оваа видеоснимка како да е снимена за време на операцијата „Извор на мирот“.
Исто така, друг профил од поддржувач на терористичката организација се обиде како манипулација против операцијата да ја злоупотреби видеоснимката снимена веднаш по експлозијата во една црква во египетскиот град Александрија во април 2017 година.