Enes Canlı
12 Октомври 2019•Ажурирај: 13 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Поддржувачите на терористичките организации во рамки на своите обиди за дезинформации на социјалните мрежи против операцијата „Извор на мирот“, која има за цел оневозможување на формирањето терористички коридор близу јужната граница на Турција и обезбедување мир и спокојство во регионот, и е против терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ во северниот дел на Сирија, фотографиите на Аnadolu Agency (AA) фотографирани во Алепо ги објавија како да се направени за време на операцијата „Извор на мирот“.
Поддржувачите на терористичките организации на социјалните мрежи продолжуваат со обидите за манипулирање на фотографиите снимени на други настани и во друг период против операцијата „Извор на мирот“.

Манипулаторите на социјалните мрежи фотографијата снимена од страна на фоторепортерот на АА, Ибрахим Ебу Лејс, за време на воздушен напад во ноември 2016 година во Алепо, на која се забележува како едно дете во своите раце носи друго дете, сакаа да ја прикажат дека е снимена за време на оваа последна операција.

Исто така, поддржувачите на терористичките организации на социјалните мрежи објавија видеоснимка на која се забележува рането дете во септември 2014 година за време на воздушните напади на Асадовиот режим во сирискиот град Источна Гута, со која сакаа да создадат перцепција што ќе им служи на нивните цели.

Меѓу другото, за видеоснимката објавена на социјалните мрежи од страна на манипулаторите, на која се забележува мајка како го носи трупот на своето мртво дете, е откриено дека била снимена по воздушниот напад на Асадовиот режим во август 2012 година, во сирискиот град Алепо.

Од друга страна, поддржувачите на терористичките организации објавија фотографија со наслов „Курдите се изложени на предавството на Трамп“ на која се забележуваат труповите на четири бебиња, за која потоа беше откриено дека била снимена за време на воздушните напади на Асадовиот режим во Алепо во септември 2016 година.