Fatma Esma Arslan
31 Јануари 2018•Ажурирај: 01 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Поддржувачите на терористичката организација ПЈД/ПКК на социјалните мрежи се обидоа преку користење монтирани фотографии на Аnadolu Аgency (AA) што се направени по ослободувањето на сириското брдо Бурсеја од терористите, да извршат клеветење за операцијата „Маслинова гранка“.
Меѓу новите фотографии споделени на социјалните мрежи со цел клеветење на Вооружените сили на Турција (ТСК) и операцијата „Маслинова гранка“, се наоѓа и онаа со опис дека децата во Африн се мета на ТСК.
Вистина е дека споменатата фотографија е користена со веста под наслов „Во Сирија 5,6 милиони деца се соочени со хуманитарна криза“, објавена на 12 март 2015 година.

На фотографија споделена со хаштазите #Save_Afrin и #NoFlyZoneForAfrin се прикажани три деца како се кријат зад срушен ѕид. Фотографијата е всушност направена во Иран, а е користена за плакат подготвен со намера да се укаже на кршењето на правата од децата во Газа.

Сепак, профилите на социјалните мрежи што им припаѓаат на лицата поврзани со терористичка организација, започнаа да прават монтажа со цел клевета на Турција и ТСК.
Меѓу нив е и фотографијата која репортерот на Аnadolu Аgency (AA) ја направи на 28 јануари, откако беше ослободено брдото Бурсеја. Имено, на знамето кое турскиот војник го држи е монтиран симбол на терористичката организација ДЕАШ.

Изворната фотографија е објавена со веста во голем број медиуми и стана еден од симболите на операцијата „Маслинова гранка“.