Fatjon Cuka
14 Јуни 2016•Ажурирај: 14 Јуни 2016
ТИРАНА - (АА) - Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер пристигна во Албанија, во рамките на официјалната посета, јавува Anadolu Agency (AA).
Се очекува германскиот министер за надворешни работи да се состане со највисоките државни претставници на Албанија.
Првично Штајнмаер се состана со неговиот албански колега, Дитмир Бушати. Предвидено е на крајот на средбата двајцата министри да одржат заедничка прес-конференција.
Во текот на денот Штајнмаер ќе се сретне со премиерот на Албанија, Еди Рама.