Besar Ademi
13 Јуни 2016•Ажурирај: 14 Јуни 2016
ОХРИД (АА) - Во Охрид се отвори конференцијата iProceeds на Европската унија и Советот на Европа за Југоисточна Европа и Турција, која ќе се реализира во овие две години, почнувајќи од 1-ви јануари оваа година, со цел да се зајакнат капацитетите на властите во регионот во проектот за истражување и конфискација на приносите од компјутерскиот криминал, како и спречувањето на перењето пари на интернет, јавува Anadolu Agency (AA).
На конференцијата, околу 80 судски претставници, експерти за компјутерски криминал и претставници на финансиски институции, овие два дена ќе разговараат за конкретни чекори кои треба да се преземат за посилна јавна/приватна и меѓународна соработка со цел подобрување на финансиските истраги, како и конфискација на заработката од криминалот која се врши онлајн.
Челникот на одделот за компјутерски криминал на Советот на Европа, Александар Сегер, рече дека ваквите проекти имаат голема политичка поддршка, бидејќи без таа поддршка не може да бидат успешни.
„На презентацијата се истакна напредокот постигнат во последните 7-8 години во оваа област, но што се однесува до кривичните постапки има уште што да се направи. На некој начин, кога станува збор за компјутерскиот криминал, информатичката технологија и кривичните постапки, ние сме во почетна фаза”, рече Сегер.
Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи на Македонија, Митко Чавков, кој ја отвори конференцијата, рече дека Македонија е на вистинскиот пат во однос на мерките и активностите во борбата против компјутерскиот криминал.
„Ние постојано ги зајакнуваме националните капацитети. Мислам дека нивото на свеста е соодветно во контекст на предметите кои треба да ја вклучат борбата против компјутерскиот криминал. Имаме мултисекторски пристап во Македонија, меѓутоа меѓународната соработка е од суштинско значење за ефикасна борба”, рече Чавков.
Заедничкиот проект на Европската унија и на Советот на Европа за таргетирање на приносите на интернет во Југоисточна Европа и Турција, кој се реализира во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), ги вклучува Македонија, Турција, Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Кемалетин Колутек, од Одборот за истраги на финансиски криминал при Министерството за финансии на Турција, истакна дека за борбата против компјутерскиот криминал неопходна е соработката со колегите од другите земји.
„Во секоја земја постојат изворни единици кои се борат со компјутерскиот криминал, а тие се исто така присутни и во нашата земја. Мора да се зајакнат нивните капацитетите, вклучувајќи го и нивното образование. Ние ѝ даваме големо значење на меѓународната соработката и со овие проекти се надеваме дека ќе се воспостави систем за борба против овие сајбер криминалот”, рече Колутек.
Од друга страна, судскиот јавен обвинител на Албанија, Арќилеа Коча, истакна дека овој заеднички проект со земјите од Југоисточна Европа и Турција е ново поле за Албанија и дека овие ќе бидат првите чекори преземани во правни и организациски рамки за справување со ваков криминал.
„Албанија не е меѓу најразвиените земји во однос на институциите и активностите во областа на информатиката. Сепак, последниве години се истакнуваа кривични дела пред сè во компјутерските измами, клонирањето на кредитни картички, со кои беа украдени значителни суми на пари од банките”, рече Коча.
Конференцијата вклучува сесија за националните претставници и регионални работилници за јавна/приватна поделба на информации меѓу институциите во финансискиот сектор, единиците за компјутерски криминал, како и регионални работилници за меѓународна соработка.