свет, политика

Чавушоглу: „Било каков договор во Источниот Медитеран без Турција е неважечки"

„Недозволиво е полицијата да убие кој било човек на ваков начин, без оглед на неговата раса или религија“, изјави Чавушоглу

Merve Gül Aydoğan Ağlarcı  | 03.06.2020 - Обновена : 04.06.2020
Чавушоглу: „Било каков договор во Источниот Медитеран без Турција е неважечки"

АНКАРА

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денеска изјави дека милициите поврзани со Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили на истокот на Либија, не можат да го добијат тековниот конфликт во Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Ниту Хафтар сака политичко решение во Либија, ниту Обединетите Арапски Емирати, Египет и платениците на „Вагнер“ поддржани од Русија“, изјави Чавушоглу во телевизиско интервју.

Меѓународно признатата либиска Влада, позната и како Влада на национална единство, беше нападната од страна на силите на Калифа Хафтар во април 2019 година, при што повеќе од 1.000 лица загинаа во насилството.

Во врска со неодамнешните случувања во САД, Чавушоглу повика на разумност во врска со протестите за убиството на Џорџ Флојд.

„Недозволиво е полицијата да убие кој било човек на ваков начин, без оглед на неговата раса или религија“, изјави Чавушоглу

Во однос на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека екстремно левичарската антифашистичка група „Антифа“ ќе ја прогласи за терористичка организација, Чавушоглу се осврна на неодамнешните извештаи на пресот за поврзаноста меѓу „Антифа“ и терористичката организација ЈПГ/ПКК, повикувајќи ги САД да заземат сличен став кон „Антифа“ кога ги напаѓа турските војници заедно со ЈПГ/ПКК.

Чавушоглу исто така се осврна и на бродовите за сондажа на Турција во Источниот Медитеран, велејќи дека турските активности во регионот се во согласност со меѓународното право.

Турскиот шеф на дипломатијата исто така нагласи дека каков било договор во Источниот Медитеран без учество на Турција ќе се смета за неважечки.

„Било каков договор во Источниот Медитеран без Турција е неважечки", истакна Чавушоглу.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.