Kasım İleri
03 Јуни 2020•Ажурирај: 03 Јуни 2020
ВАШИНГТОН
Околу 1.600 американски војници се распоредени на подрачјето на Вашингтон и се во состојба на зајакната готовност, објави Пентагон, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Гласноговорникот на Пентагон, Џонатан Рат Хофман, рече дека силите, на барање на министерот за одбрана, Марк Еспер, се распоредени во воени бази во подрачјето околу главниот град, но не и во самиот Вашингтон.
Протестите кои почнаа во САД поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд и понатаму траат.
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека во многу држави ќе употреби воена сила поради ескалацијата на насилството.