Almir Terzic
17 Октомври 2016•Ажурирај: 17 Октомври 2016
САРАЕВО (AA) - Од Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ) е соопштено дека врз основа на 72 отсто од обработениот примерок ДПС освои 41,2 отсто- 36 мандати, ДФ 21,4 отсто- 19 мандати, јавува Anadolu Agency (AA).
Коалицијата Клуч има 10,8 отсто- 9 мандати, Демократите 9,3 отсто- 8 мандати, СДП 5,1 отсто - 4 мандати, Бошњачка странка 3,9 отсто- 3 мандати, ХГИ- 0,5 отсто- 1 мандат и Збирна изборна листа на албанските парии 1,8 отсто- 1 мандат.
На работ на цензусот, според податоците ЦДТ- се наоѓа СД со 2,9 отсто од гласовите.
Од Центарот за демократска транзиција (ЦДТ) соопштено е дека ниту еден учесник на парламентарните избор не освоил апсолутно мнозинство, што значи дека ниту една листа не може самостојно да формира власт.
На изворите гласачно право го искористиле 73,2 отсто од граѓаните.
Овие избори беа десети од воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора, а четврти по обновата на независноста, а учествуваа 17 изборни листи.