Adel Ömeragiç
17 Октомври 2016•Ажурирај: 17 Октомври 2016
ПОДГОРИЦА (AA) - Центарот за демократска транзиција (ЦДТ) вечерва објави дека на основа на 100 отсто од обработениот материјал ниту еден учесник на парламентарните избори во Црна Гора не освоил апсолутно мнозинство, што значи дека ниту една листа не може самостојно да формира влада, јавува Anadolu Agency (AA).
Врз основа на овој обработен примерок, Демократската партија на социјалистите освои 41,1 отсто од гласовите - 35 мандати, Демократскиот фронт (ДФ) 20,6 отсто- 18 мандати, коалицијата Клуч 10,7 отсто - 9 мандати, Демократите 10,5 отсто- 9 мандати, Социјалдемократската партија (СДП) 4,5 отсто- 4 мандати, Бошњачка странка 3,3 отсто-2 мандати, Социјалдемократи (СД) 3,2 отсто - 2 мандати, Хрватска ѓраѓанска иницијатива (ХГИ) 0,5 отсто- 1 мандат и коалицијата Албанци Одлучно 0,9 отсто - 1 мандат.
Од ЦДТ соопштија дека можна грешка кај Демоккратите изнесува +/-1,5, па Демократите можат да освојат осум мандати, а ДПС во тој случај би имал 36 мандати.
Под цензусот останаа Позитивна Црна Гора, Бошњачка демократска заедница (БДЗ), Српска странка, Алтератива Црна Гора, Албанска коалиција „Со една цел", Партија на пензионерите, инвалидите и социјална правда, Листа на демократскиот сојуз на Албанците и Партија на српските радикали.
На парламентарните избори во Црна Гора гласаа 386.970 гласачи или 73,2 отсто.