Hajer M'tırı
24 Април 2017•Ажурирај: 24 Април 2017
ПАРИЗ (AA) - Кандидатката на крајно десничарскиот Национален фронт, Марин Ле Пен со 24,6 отсто освоени гласови води во првиот круг на претседателските избори во Франција, а по неа следува Емануел Макрон, покажуваат првите прелиминарни резултати на основа на 34 отсто преброени гласови, соопшти француското Министерство за внатрешни работи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ова се резултатите од гласачките места во повеќето рурални подрачја, кои се наклонети кон десницата, додека гласовите од урбаните делови, кои се наклонети кон левицата, се бројат покасно.
Според претходно објавените проекции Макрон, лидерот на движењето Ел Марче (Напред) и поранешен министер за економија кој се залага за Европска унија освои 24 отсто од гласовите, додека челницата на радикалнодесничарскиот Национален фронт освои 21,8 осто од гласовите.
Кандидатот на конзервативците Францис Филон и кандидатор на екстремната левица Жан Лук Меленчон, освоија по 19 отсто гласови. Социјалистот Беноит Хамон, според проекциите доби 6,5 отсто поддршка од гласачите.
Во првото обраќање по затворањето на гласачките места, Хамон и Филон истакнаа дека самите се одговорни за неуспехот. Тие двјца ги повикаа гласачите во вториот круг од изборите да гласаат за Макрон. Иста порака упати и францускиот премиер Бернар Казнев кој ги повика поддржувачите на социјалистите да го поддржат Макрон и со тоа да ја спречат победата на Ле Пен.
Од друга страна, во центарот на Париз дојде до судир помеѓу полицијата и демонстрантите. Полицајците се обидоа да ги растераат демонстрантите со употреба на солзавец, додека демонстрантите возвратија со фрлање на стаклените флаши и други предмети на полицијата.
На денешните избори 45,67 милиони регистрирани гласачи имаа прилика да бираат нов шеф на државата помеѓу вкупно 11 кандидати.
Бирачките места ширум Франција се отворени утрово во 8 часот по локално време, а 57.000 припадници на француските безбедносни сили спроведуваа зголемени безбедносни мерки на сите 69.245 изборни места.
Изборниот процес во Франција се одвива во сенка на вонредната состојба прогласена во ноември 2015. година по терористичкиот напад во кој беа убиени најмалку 130 луѓе, но и во сенка на популаризација на радикалнодесничарската популистичка политика.
Мандатот на актуелниот француски претседател Франсоа Оланд истекува на 14 мај кога на мандат од пет години во Јелисејската палата ќе го замени нов шеф на државата.