политика

Франција: Едностраните одлуки нема да го решат конфликтот во Либија

Заменик-портпаролот на Министерството за надворешни работи, Оливие Говин, истакна дека конфликтот во Либија може да се реши само со билатерален дијалог

Firdevs Bulut  | 29.04.2020 - Обновена : 29.04.2020
Франција: Едностраните одлуки нема да го решат конфликтот во Либија

ПАРИЗ

Конфликтот во Либија нема да се заврши со еднострани одлуки, се соопштува од Министерството за надворешни работи на Франција, како одговор на едностраното прогласување на Калифа Хафтар за лидер на Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Заменик-портпаролот на Министерството за надворешни работи, Оливие Говин, истакна дека конфликтот во Либија може да се реши само со билатерален дијалог.

„Конфликтите нема да завршат со еднострани одлуки. Не постои алтернатива за политичкото решение донесено во рамките на Берлинската конференција“, изјави Говин.

Говин изјави дека Франција го поддржува суверенитетот, единството и стабилноста на Либија. Во видеопорака објавена во понеделникот, Хафтар еднострано се прогласи за лидер на Либија.

Укажувајќи на уличните демонстрации во областите под негова контрола, тој истакна дека „го прифатил мандатот на либискиот народ“ да управува со земјата.

Тој рече дека политичкиот договор „Сухејрат“, потпишан во 2015 година од страна на завојуваните страни во Либија, под покровителство на ОН, е „нешто од минатото“.

Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година, кога од власта беше соборен и убиен Муамер ал Гадафи.

Владата на национално единство на Либија со седиште во Триполи има поддршка од ОН и меѓународната заедница, додека Хафтар од Тобрук ги предводи нелегитимните сили кои претежно се поддржани од Египет и Обединетите Арапски Емирати.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın