Fuat Kabakcı
31 Март 2022•Ажурирај: 01 Април 2022
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција, амбасадорот Танжу Билгич, во врска со резултатите од пописот во Северна Македонија, истакна дека ги поддржува легитимните барања на турската заедница за заштита на своите права и интереси, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ги поддржуваме легитимните барања на турската заедница за заштита на нивните права и интереси. Турците се еден од еднаквите и основачки народи на Северна Македонија и се залагаат за благосостојба и развој на оваа земја“, истакна Билгич.
Тој даде писмен одговор на прашањето за резултатите од пописот одржан во Република Северна Македонија.
Истакнувајќи дека резултатите од пописот одржан во Република Северна Македонија минатата година се објавени на 30 март и дека претставниците на турската заедница во земјата во текот на пописниот процес постојано повикуваа пописот да се спроведе фер и транспарентно за да не се остави простор за сомнежи, Билгич рече дека резултатите од пописот покажуваат дека овие повици, за жал, биле игнорирани.
Билгич нагласи дека е важно прашањата во однос на резултатите од пописот поставени во изјавата на Националното координативно тело за пописот на турскиот народ во Северна Македонија да бидат земени предвид од официјалните власти, нагласи:
„Ги поддржуваме легитимните барања на турската заедница за заштита на своите права и интереси. Турците се еден од еднаквите и основачки народи на Северна Македонија и се залагаат за благосостојба и развој на оваа земја, и со векови се вкоренети во оваа географија.“