Furkan Abdula
31 Август 2023•Ажурирај: 31 Август 2023
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, во својство на претседавач со ОБСЕ, оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, пренесува Анадолу.
Според соопштението објавено на интернет-страницата на МНР на Северна Македонија, во телефонскиот разговор Османи се осврнал на предизвиците во регионот на ОБСЕ и ја повторил приврзаноста на претседавањето на Северна Македонија кон почитувањето на темелните принципи и заложби на ОБСЕ.
„Во тој контекст, уште еднаш ја потенцираше неопходноста од прекин на агресијата, повлекување на руските воени сили од Украина и почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, се вели во соопштението.
Османи и Лавров разменија мислења и за најактуелни прашања поврзани со функционирањето на ОБСЕ.