политика, Балкан

Северна Македонијa со одлука за отворање Амбасада во Ријад

„Ја истакнав нашата одлука за отворање амбасада во Ријад - чекор што го сметаме за катализатор за зајакнување на соработката, особено во економските и други области од заеднички интерес“, истакна Муцунски

Elena Trenchevska Chekovikj  | 21.05.2025 - Обновена : 22.05.2025
Северна Македонијa со одлука за отворање Амбасада во Ријад

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, принцот Фејсал бин Фархан Ал Сауд, пренесува Анадолу.

Преку социјалните мрежи, министерот Муцунски соопшти дека во телефонскиот разговор ја потврдил заедничката посветеност за зајакнување на билатералните односи.

„Ја истакнав нашата одлука за отворање амбасада во Ријад - чекор што го сметаме за катализатор за зајакнување на соработката, особено во економските и други области од заеднички интерес“, напиша Муцунски.

Тој посочи дека министерот Ал Сауд ја поздравил одлуката и изразил подготвеност за понатамошно продлабочување на пријателските врски и интензивирање на политичкиот, економскиот и институционалниот дијалог меѓу двете земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.