Ekipa
30 Октомври 2019•Ажурирај: 31 Октомври 2019
СКОПЈЕ (АА) - На седницата што се одржа вчера и денеска во Уставниот суд, судијата Салих Мурат е избран за нов претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според Уставниот суд, одлуката за избор на нов претседател ќе стапи на сила на 1 ноември, кога истекува мандатот на актуелниот претседател на Судот, Никола Ивановски.
Салих Мурат, инаку припадник на турската заедница во Северна Македонија, е роден на 11 октомври 1966 година во селото Врапчиште, Гостиварско.
Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот во Белград во 1991 година. Од 2005 до 2012 година работел како адвокат во Гостивар, а потоа станува член на Уставниот суд на Северна Македонија.