политика, Балкан

Предвремени парламентарни избори во Бугарија

На овие избори право на глас имаат 6.711.048 гласачи

Ihvan Radoykov  | 11.07.2021 - Обновена : 12.07.2021
Предвремени парламентарни избори во Бугарија

Софија

Во Бугарија денес се одржуваат предвремени парламентарни избори за избирање на новиот состав на Парламентот, кој брои 240 пратеници, јавува Агенција Анадолија (АА).

На овие избори право на глас имаат 6.711.048 гласачи, а гласањето започна во 7:00 часот по локално време.

Гласачите ќе можат своето право на глас да го искористат во 13.000 гласачки центри во земјата и во 748 гласачки центри во странство.

Изборите се одвиваат со почитување на мерките преземени против пандемијата на Ковид-19.

На овие избори се натпреваруваат 5.081 кандидат од 23 партии и коалиции.

Одлуката за одржување предвремени парламентарни избори беше донесена откако не беше формирана владата во Бугарија по изборите што се одржаа на 4 април 2021 година.

Гласачите ќе имаат право да гласаат до 20:00 часот, но со одлука на Централната изборна комисија на Бугарија, овој рок може да се продолжи за максимум еден час.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.