политика

Пендаровски со сочувство до Мета за загинатите во земјотресот во Албанија

„Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и семејствата на жртвите, повредените и оние кои останаа без своите домови, дозволете ми да Ви упатам длабоко и искрено сочуство...“

Ekipa  | 26.11.2019 - Обновена : 27.11.2019
Пендаровски со сочувство до Мета за загинатите во земјотресот во Албанија

СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, оствари телефонски разговор со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, во кој изрази длабоко сочувство за жртвите и повредените во земјотресот, којшто рано утринава ја погоди Албанија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Претседателот Пендаровски понуди поддршка на претседателот Мета, а Кабинетот е во постојана координација со Кабинетот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, преку заедничка синхронизирана активност да им се пружи помош и поддршка на семејствата на загинатите и повредените граѓани на Албанија“, нагласуваат од Кабинетот на претседателот.

Пендаровски, во име на граѓаните на Република Северна Македонија, упати и телеграма со сочувство до претседателот Мета.

„Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и семејствата на жртвите, повредените и оние кои останаа без своите домови, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Северна Македонија и од мое лично име да Ви упатам длабоко и искрено сочуство. Длабоко сум уверен дека хуманоста и солидарноста ќе помогнат во ублажувањето на последиците од оваа голема трагедија“, се вели во телеграмата.

Во земјотресот што рано утрово ја погоди Албанија досега потврдени се 9 загинати, а над 600 лица се повредени. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.