политика, Балкан

МНР на РСМ: Уште 11 македонски државјани чекаат за евакуација од Тел Авив

Министерството истакна дека по денешното повторно затворање на воздушниот простор на Израел и откажувањето на сите летови кон и од Израел, државјаните ќе се евакуираат во наредните денови

Elena Trenchevska Chekovic  | 22.06.2025 - Обновена : 22.06.2025
МНР на РСМ: Уште 11 македонски државјани чекаат за евакуација од Тел Авив

СКОПЈЕ (АА) – Министерството за надворешни работи и надворешна политика на Северна Македонија денес објави дека во моментов вкупно 11 македонски државјани чекаат евакуација со лет од Тел Авив, поради безбеносната ситуација, пренесува Анадолу.

Согласно информациите добиени од Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив, Министерството истакна дека по денешното повторно затворање на воздушниот простор на Израел и аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, и откажувањето на сите летови кон и од Израел, државјаните ќе се евакуираат во наредните денови, во зависност од развојот на безбедносната ситуација.

„Како алтернатива, постои можност за евакуација по море – со брод од Ашдод до Лимасол (Кипар), за што Амбасадата е во редовна комуникација со македонските државјани и надлежните израелски власти“, соопшти Министерството.

Истакна дека покрај евакуацијата на првата група граѓани реализирана со владин авион на 17 јуни, заклучно со 22 јуни, вкупниот број на заинтересирани македонски државјани за евакуација од Израел изнесува 27.​​​​​​​

Министерството апелираше до сите граѓани да се воздржат од патувања во земјите од Блискиот Исток поради влошената безбедносната состојба.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.