Hasan Esen
28 Јуни 2019•Ажурирај: 30 Јуни 2019
ЛОНДОН (АА) – На средбата помеѓу британската премиерка, Тереза Мај и рускиот претседател Владимир Путин, на Самитот на лидерите од Г-20, истакната е потребата да се спречат нападите на режимот на Асад врз Идлиб, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тереза Мај на маргините на Самитот на лидерите од Г-20 во Осака се состана со рускиот претседател Путин.
Според соопштението од Кабинетот на британската премиерка, Меј му рекла на Путин дека „односите меѓу двете земји не можат да се нормализираат сè додека Русија не ги запре неодговорните и дестабилизирачки активности кои ја загрозуваат Британија и нејзините сојузници, вклучувајќи ги и непријателските интервенции, дезинформациите и кибернападите."
Меј, потсетувајќи на нападот врз двојниот агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Солсбери минатата година, истакна дека „употребата на хемикалии на улиците во Англија е неприфатлива и дека има убедливи докази дека Русија го извршила нападот."
Истакнувајќи дека таа акција никогаш нема да се повтори, Меј рече дека Велика Британија сака двајцата одговорни за нападот да бидат изнесени пред лицето на правдата.
- На средбата се дискутираше и за значењето на задржувањето на Иран во нуклеарниот договор
На средбата, исто така, се разговараше за значењето на задржувањето на Иран во нуклеарниот договор, за потребата да се спречат нападите на режимот на Асад врз Идлиб и за глобалните прашања.
Меј наведе дека Велика Британија остро ќе одговори на употребата на хемиското оружје од страна на режимот на Сирија.
На Самитот на лидерите од Г-20 впечаток остави фотографијата на која се ракуваа Меј и Путин пред билатералната средба. При ракувањето премиерката Меј воопшто не се насмевна, а изразот на нејзиното лице беше исклучително сериозен.