Bekim Laci
12 Јули 2016•Ажурирај: 13 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Невработеноста, недостатокот на финансиски средства се прашања кои најмногу влијаат на младите во Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Решавањето на овие проблеми младите го гледаат преку отселување од земјата, велат податоците објавени во рамките на проектот „Корелацијаомеѓу младинските приоритети и официјалните политики”, организирана од страна на Институтот за социјална демократија „Прогрес” и Институтот за социјална анализа.
Петар Атанасов од истражувачкиот тим на проектот рече дека младите луѓе во последните 25 години останаа на маргините од општеството, додека во последната деценија ситуацијата се влоши уште повеќе.
Според него, во моментов 50 проценти од младите се невработени. Атанасов истакнува дека младите луѓе не се приоритет на државната политика, но и дека тие самите не се борат за да обезбедат место во општеството. Тој рече дека главниот проблем што ги донесе младите луѓе во оваа ситуација е недостатокот на посебен закон што ќе се справи со проблемите на младите.
„Не постои закон за млади. Собранието на Република Македонија нема комисија за млади, во некои закони за образование и за труд и социјална политика младите луѓе не претставуваат главен приоритет. Младите луѓе немаат свое место во процесот на донесување одлуки и не се активни во креирањето на проактивна политика за млади луѓе”, рече Атанасов според кој младите луѓе што изразија подготвеност да ја напуштат земјата, тоа ќе го направат за подобра работа којашто ќе им обезбеди подобар живот.
Претставничката на тимот на проектот, Емилија Симовска, рече дека дел од овој проект биле млади луѓе на возраст од 16 до 30 години кај кои се забележува значителен недостаток на иницијатива и тие не се вклучуваат во решавањето на нивните проблеми.
„Четириесет и четири отсто од испитаниците изјавиле дека главниот проблем е недостатокот на финансии, 34 отсто од испитаниците не гледаат иднина тука, а за останатите проблемот е од лична природа”, вели Симовска.
Таа додаде дека бројот на оние што се изјасниле дека никогаш не помислиле на преселување во странство е 26 отсто, 11 отсто би го направиле тоа за образование, додека 45 проценти сметаат дека ако се отселат ќе постигнат повеќе отколку ако останат во татковината.
Симовска рече дека еден од проблемите на оваа студија е екстремната политизација на младите, бидејќи поголемиот дел од нив ги гледаат политичките партии како можност за решавање на нивните проблеми.
„Шеесет и два отсто од анкетирани млади се изјасниле дека припаѓаат на некоја политичка партија, додека активни во невладините организации се само 15 отсто од нив”, рече таа.
Проектот „Корелација меѓу младинските приоритети и официјалната политика”, организирана од страна на Институтот за социјална демократија „Прогрес” и Институтот за социјална анализа, според организаторот има за цел да се направи парелела помеѓу потребите на младите и официјалната државна политика кон нив.
Анализата се врши преку анкети, интервјуа и групи со цел да се добие целосен преглед на она што се потребите на младите и како државната политика ги задоволува овие барања.